logo
blog ISO 20000 ISO/IEC 20000 е меѓународен менаџмент стандард за ИТ услуги (IT Service Management), кој им овозможува на ИТ организациите/компаниите да се осигураат дека нивните менаџмент процеси поврзани со ИТ услугите се усогласени со потребите на самиот бизнис и со најдобрата меѓународна пракса.

ISO 20000

Што е ISO 20000?

• ISO/IEC 20000 им помага на организациите/компаниите да го следат примерот на најуспешните во однос на менаџирање и давање на услугите, мерење на нивото на услугите и оценка на перформансите. Стандардот е во голема мера усогласен и се базира на ITIL (Information Technology Infrastructure Library).

Предности (бенефити) од имплементирањето на ISO 20000

• ISO 20000 и помага на компанијата да ја следи најдобрата пракса во ИТ менаџмент услугите, овозможува унапредување на услугите, демонстрирање на можност за исполнување на потребите и барањата на клиентите и креира рамка за самостојно оценување и унапредување.

Примери за најчеста употреба на ISO 20000

• Организација која очекува услуги од страна на даватели на услуги и воедно очекува доказ дека барањата за услугите ќе бидат исполнети
• Организација која бара конзистентен пристап од страна на сите даватели на услуги, вклучително и добавувачите
• Давател на услуги кој сака да ја покаже својата способност за дизајн, испорака и унапредување на услугите кои ги исполнуваат барањата на клиентите
• Давател на услуги кој сака да го следи, мери и подобрува својот менаџмент процес и услугите
• Давател на услуги кој сака да го подобри дизајнот, испораката и унапредувањето на услугите преку ефективна имплементација и функционирање на SMS (Service Management System)
• Оценувач или ревизор кој ги проверува критериумите за оценка на SMS на давателот на услуги и нивната усогласеност со барањата на ISO/IEC 20000-1:2011

ISO 20000 поглавје 1,2 и 3

ISO 20000, кој се состои од две главни поглавја со општ наслов Information technology - Service management,им овозможува на давателите на ИТ услуги да ги идентификуваат начините за подобрување на квалитетот на услугите кои ги даваат на своите клиенти.

• Поглавје 1:

• Спецификација (ISO/IEC 20000-1:2011)

– Ги посочува критериумите за менаџирање со ИТ услуги (IT service management) и е релевантно за оние кои се задолжени за иницирање, имплементирање или одржување на менаџирањето со ИТ услугите во организацијата

• Поглавје 2:

• Код на пракса (ISO/IEC 20000-2:2005)

– Претставува консензус во индустријата за водечки показатели на оценувачите и поддршка на давателите на услуги при планирање на унапредување на услугите или оценување во однос на ISO/IEC 20000-1:2011.

ISO 20000 Систем за квалитет
1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3