logo
blog ISO 22000 ISO 22000:2005 е првиот меѓународен стандард за управување со безбедност на храна (Food safety management systems) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Во многу европски земји го зазема местото на HACCP во областа на прехрамбената индустрија.

ISO 22000

Што е ISO 22000?

• ISO 22000 стандардот се однесува на сите организации во ланецот на исхрана и ги дефинира барањата на Системот за управување со безбедност на храна. Основата на овој стандард се принципите на HACCP системот за осигурување на безбедност на крајниот прехрамбен производ.

• ISO 22000 е прв стандард кој може да го користат сите членови на ланецот за снабдување со храна, вклучувајќи ги и добавувачите на непрехрамбени производи, како што се производители на опрема и амбалажа и даватели на логистички услуги. ISO 22000 е погоден за организации од сите големини, од пекари со 10 вработени до меѓународни производители на храна или супермаркети со 1000 вработени.

За кого е наменет ISO 22000?

ISO 22000 е наменет за организации во целокупниот ланец на производство и трговија со храна (земјоделски производители, производители на сточна храна и прехрамбени производи, производители на адитиви и помошни средства за преработка, добавувачи, трговци на мало, угостителски и кетеринг фирми, даватели на услуги и фирми за логистика).

• Придобивки (бенефити) од ISO 22000

• Воведувањето на ISO 22000 ги овозможува следниве предности:)

• Подобрување на безбедноста на храната
• Подобрување на квалитетот на производите
• Зголемување на заштитата и довербата на потрошувачите
• Зголемување на трошковната ефикасност во ланецот на производство и трговија со храна
• Интерактивна комуникација
• Спроведување на таканаречени предусловни програми (prerequisite programs, PRP) како основа за функционален HACCP.

• Со оглед на тоа што

HACCP како систем е тешко применлив за големо производство или продажен ланец, за да може успешно да функционира потребно е да се имплементира ISO 9001, а со самото тоа се подразбираат и дополнителни трошоци за компанијата.

За да се избегнат овие недостатоци на примената на HACCP во големи компнии во прехрамбената индустрија, се создала потребата за создавање на нов стандард како што е ISO 22000.

Овој стандард во себе ги интегрира HACCP и ISO 9001, а воедно вклучува и предвидување и анализа на голем број на надворешни фактори и ризици, кои не само што може да ја загрозат безбедноста на храната, туку може негативно да влијаат и на производниот процес, финансиите и вработените во организацијата.

ISO 22000 Систем за квалитет
1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3