logo
blog ISO 9001 Системот за квалитет е управувачки систем преку чие спроведување се остваруваат целите во однос на квалитетот на работењето и давањето на услуги.Што е ISO 9001? е меѓународен стандард кој се однесува на квалитетот. ISO 9001 ги содржи барања на системот за управување со квалитет, кои мора да бидат исполнети заради усогласување на работењето со меѓународно признатите норми.

ISO9001

ISO 9001 серијата на стандардот се состои од:

• ISO 9000 – Основи и речник: го претставува концептот на системот за управување, како и терминиологијата која се користи

• ISO 9001 – Барања: критериуми кои мора да се исполнат доколку се сака да се работи во согласност со стандардот и да се добие сертификат

• ISO 9004 – Насоки за подобрување на перформансите: врз основа на осум принципи на менаџментот на квалитет кои се користат од страна на повисокото ниво на менаџмент, како рамка за насочување на организацијата, земајќи ги во предвид потребите на сите заинтересирани страни.

4 главни работни процеси на ISO 9001

Принципи на ISO 9001

Системот на управување со квалитет
според ISO 9001:2015 се заснова на осум принципи на управување. Овие принципи може да се користат од страна на менаџментот, како рамка за насочување на организацијата во насока на подобрување на перформансите. Принципите се изведени од колективното искуство и знаење на стручните лица ширум светот, кои учествуваат во работењето на Техничкиот комитет ISO/TC 176 (Управување со квалитетот и обезбедување на квалитет), кој е одговорен за развивање и одржување на ISO 9000 стандардот.

За кого е наменет ISO 9001?

За кого е наменет ISO 9001?
ISO 9001 е погоден за сите организации кои сакаат да го подобрат начинот на управување, без оглед на големината или дејноста на организацијата. Согласно ова, ISO 9001 е компатибилен со другите ситстеми на управување, како што се OHSAS 18001 Систем за управување со заштита на здравјето и безбедноста при работа и ISO 14001 Систем за управување со заштита на животната средина. Системите имаат многу заеднички принципи и успешно може да се интегрираат.

Целта Целта на овој стандард е да ја зголеми ефикасноста на организацијата преку примена на процесен пристап.
Предноста Предноста од имплементацијата на овој стандард е обезбедување на врска помеѓу поединечните процеси, сектори и нивната интеракција.
Со дефинирање Со дефинирање на влезни и излезни елементи на сите процеси и дефинирање на потребните ресурси се создава почетна основа за планирање, како и повратна информација за задоволството на клиентите. Овој модел ја зголемува довербата на клиентите во производите и води кон подобро позиционирање на пазарот.
Предности од имплементација на стандарот ISO 9001

ISO 9001 ги прецизира
основните барања за системот на управување со квалитетот, кои организацијата мора да ги исполни како би ја докажала својата способност за доследно производство на своите производи (вклучувајќи ги и услугите), со што се подобрува задоволството на корисниците и воедно исполнување на важечката законска регулатива.

Предности од имплемантација на ISO 9001:2015 стандардот:

  1. Стекнување и/или зацврстување на довербата кај постоечките и кај потенцијалните клиенти
  2. Подобрување на работните способности и продуктивноста
  3. Насоченост кон остварување на работните цели и очекувањата на клиентите
  4. Остварување и одржување на стабилно ниво на квалитет на продуктите (производ/услуга), во насока на задоволување на барањата и потребите на клиентите
  5. Зголемување на задоволството на клиентите/корисниците на услуги
  6. Сигурност дека посакуваното ниво на квалитет е остварено и се одржува
  7. Создавање на можности за освојување на нови пазари и зголемување на пазарниот удел на постоечките пазари
  8. Добивање на сертификат ISO 9001 од страна на акредитирано сертификационо тело
  9. Можност за учество и конкурирање на домашни и меѓународни тендери
ISO 9001 Систем за квалитет
1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.