logo
faq Енергијата е двигател на светот!

Најголемиот дел од енергијата на Земјата се обезбедува од важни природни суровини (јаглен, природен гас и нафта) кои се наоѓаат во земјата и во морињата. Богатството на овие извори на необновлива енергија бележи тенденција на постојано намалување, кое е многу побрзо од брзината на нивното создавање.

Енергијата е двигател на светот!
  • Најголемиот дел од енергијата на Земјата се обезбедува од важни природни суровини (јаглен, природен гас и нафта) кои се наоѓаат во земјата и во морињата.
    Богатството на овие извори на необновлива енергија бележи тенденција на постојано намалување, кое е многу побрзо од брзината на нивното создавање.

    Факт е дека овие необновливи извори на енергија порано или подоцна ќе бидат целосно исцрпени, а и со самото нивно користење се нанесуваат значајни штети на животната средина.
    Преку согорување на овие необновливи горива, во атмосферата се исфрла големо количество јаглероден диоксид, што на долг рок резултира со значајни негативни климатски промени.

    Имајќи го предвид горепосоченото, од клучно значење е правилното управување со енергијата и примената на енергетска ефикасност.

    Под поимот енергетска ефикасност пред се подразбираме преземање на мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија и примена на енергетски ефикасни уреди.

    Во продолжение е разработена Понуда за одржување на семинар за енергетика и енергетска ефикасност, во кој посебен фокус ќе биде даден токму кон преземање на вакви мерки, односно:
    - Намалување на прекумерното искористување на штетни необновливи извори на енергија (јаглен, природен гас и нафта) – нивна ефикасна употреба
    - Употреба на нови обновливи извори на енергија – сончевата енергија, ветерот, водата, пареата, органските материи и сл.

  • ЕВРОСМОВСКИ Консалтинг спроведува семинари за енергетика и разработува студии и планови за енергетска ефикасност, со посебен фокус кон:

    ➡ Видови на енергија
    ➡ Примарни извори на енергија (необновлива и обновлива природа)
    ➡ Финална енергија
    ➡ Механизми за транформација на енергијата
    ➡ Еколошки ефекти од употреба на енергијата
    ➡ Ефикасно искористување на енергијата
    ➡ Енергетска ефикасност (претставување и описменување)
    ➡ Методи за постигање на енергетска ефикасност
    ➡ Енергетска економија
    ➡ Инвентар на стакленички гасови и јаглероден отисок

1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3