Последни новости
➽ Со примена на меѓународни стандарди до поголемa конкурентност
и извозен капацитет на македонските компании
LRQA Quality Business Brunch (1st Edition)

 

 

Реномираната британска сертификациска куќа Lloyd’s Register Quality Assurance и компанијата ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг го организираа деловниот настан “LRQA Quality Business Brunch” со поддршка од Британската Амбасада во Скопје.
Настанот го потенцираше значењето на воведување и акредитирана сертификација на меѓународните стандарди (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001, ISO 20000, ISO 22000, HACCP, ISO 17025, ISO 31000, ISO 50001 и други) кон препознатливост на македонските компании на меѓународниот пазар, усогласеност со домашната и меѓународната законска регулатива и континуирано унапредување на нивното работење.
Види повеќе


➽ Со стандарди за квалитет до усогласеност на домашната
и меѓународна регулатива

 

Изјава на Михајло Евросимовски, член на Управен одбор на ССК, за потребата и важноста од воведувањето на меѓународните стандарди за квалитет во секоја компанија.
Изјавата можете да ја погледнете на следниот линк


 

 

➽ ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг
sample Заедно со Град Скопје ја изработи Студијата за исплатливост за можноста за имплементација на електромобилноста во Град Скопје за потребите на проектот Еle.C.Tra (Electric City Transport).


 

 

➽ Во месец октомври 2016 година

sample Се очекува Системот за управување со безбедност и здравје при работа - OHSAS 18001, да премине кон ISO 45001:2016

➽ На 23 февруари 2016 година

sample Од страна на Меѓународната организација за стандардизација
(ISO – International Organization for Standardization) е издадена последната верзија на меѓународниот стандард :.
- ISO 27000:2016 – Систем за >управување со безбедност
на информации (преглед и речник)

➽ Во месец септември 2015 година

sample Oд страна на Меѓународната организација за стандардизација
(ISO – International Organization for Standardization) беа издадени новите верзии на меѓународните стандарди
:
- ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет
- ISO 14001:2015 – Систем за управување со животна средина


ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг врши обуки за новите верзии на овие стандарди и обуки за интерни проверувачи, согласно измените во стандардите.

Клучни измени во новата верзија на стандардите се:
- Примена на “High Level Structure” – заедничка рамка при интеграција на повеќе системи
- Посебен акцент на контекстот на организацијата
- Зголемен фокус кон лидерство
- Идентификација на ризици и можности
- Организациско знаење – комуникација и свест
- Управување со промените


Евросимовски Консалтинг добитник на признанието за Македонски квалитет 2015

gallery

 

Сојузот на стопански комори (ССК),
под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија
додели признание „Македонски
квалитет 2015“ на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг, како единствена компанија добитник на ваков тип на признание,
во делот на деловни и менаџмент консултантски услуги.

 

 

gallery
Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставените критериуми, внимателно ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2015-та година.
.


gallery ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг е компанија што се занимава со деловен менаџмент консалтинг во областа на имплементација на меѓународните стандарди за квалитет, како и оперативен и финансиски менаџмент консалтинг за своите клиенти.
“Се заблагодарувам на кабинетот на претседателот на РМ и на Сојузот на стопански комори за укажаната доверба. Следната 2016 година за нас е
јубилејна, прославуваме десет години од своето постоење, така да ова признание ќе не мотивира да го оправдаме квалитетот во своето работење“ – истакна Евросимовски.

.

sample Со своето Со своето реномирано портфолио на консултантски услуги ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг успешно делува во својата област на домашниот и меѓународниот пазар од 2006-та година.
Признанието за Македонски Квалитет претставува уште една потврда за низата успеси на компанијата.
.


Системи за управување со квалитет – неопходен предуслов за успешност

Во денешни услови на работење компаниите се соочуваат со се поголема конкуренција, динамичен развој на технологијата, потреба за воведување на иновации и постојано одржување на чекор со промените. Во вакви услови она што ја издвојува компанијата од останатите е КВАЛИТЕТОТ.
За позитивните ефекти од примената на системите за управување со квалитет, сведочи истражувањето спроведено од страна на Британскиот Центар за економски и бизнис истражувања (CEBR), објавено во јуни 2012 година. Истражувањето е направено по барање на Институтот за квалитет и Институтот за менаџмент, признаени од страна на Владата на Велика Британија.
Генералниот заклучок од ова истражување е дека Системите за управување со квалитет имаат значаен придонес во продуктивноста и успехот на бизнисите, а со тоа придонесуваат и кон развојот на севкупната економија на Велика Британија. Ваквите позитивни придобивки претставуваат основа за понатамошен развој на компаниите и унапредување на работењето на институциите.
Основните согледувања и заклучоци од истражувањето се следниве:

1. Според различни критериуми и параметри согледано е дека Системите за управување со квалитет, имплементирани во институции/компании од различни сектори, значајно придонеле за нивниот успех. Анализата на повраток на инвестицијата (ROI) покажува дека институциите/компаниите може да очекуваат значајно поголеми придобивки од Системите за управување со квалитет во спореба со трошоците за нивното имплементирање.

2. Системите за управување со квалитет значајно придонесуваат кон унапредување на макроекономските показатели на Велика Британија.

3. Резултатите од истражувањето покажуваат дека:

a) просечната стапка на повраток на приходите е 6:1, односно за секоја £1 потрошена на систем за управување со квалитет, приходите се зголемиле за £6.

b) Резултатите исто така покажуваат дека просечната стапка на повраток на трошоците се 16:1, односно дека за секоја £1 потрошена на систем за управување со квалитет, трошоците се намалиле за £16.

c) Резултатите за стапката на повраток на профит се 3:1, односно за секоја £1 потрошена на систем за управување со квалитет, профитот се зголемува за £3.

Ваквите импресивни резултати од анализата за повраток на инвестициите покажуваат дека доколку системите за управување со квалитет се применат сеопфатно, институциите/компаниите ќе имаат значително поизразена (заедничка) полза од синергетските ефекти.

Одржувањето на високо ниво на квалитет станува неопходен предуслов за успешност и развој. Компаниите/институциите се повеќе го препознаваат значењето на Системите за управување со квалитет (меѓународни ISO стандарди), како деловен инструмент за остварување на повисоко ниво на квалитет, а со тоа и поголема продуктивност и профитабилност.

Значењето на системите за управување со квалитет пред се согледува во остварување на повисоко ниво на ефективност и ефикасност на интерните работни процеси и систематичен пристап во работењето на компаниите/ институциите.

Преку ваквиот пристап, системот за управување со квалитет овозможува следење на квалитетот во секоја фаза од релизацијата на работниот процес. Со тоа навремено се препознава евентуална неусогласеност на нивото на квалитет, за што се предлагаат соодветни корективни и превентивни мерки.

Најприменуваниот систем за управување со квалитет е основниот меѓународен стандард ISO 9001:2015, кој е генерички стандард и е применлив во компании и институции, независно од нивната големина и дејност. Со стандардот ISO 9001:2015 се овозможува управување со квалитетот на сите процеси во компанијата/ институцијата.

За сите специфични барања во однос на квалитетот во поедини деловни области од работењето на компаниите/институциите постојат специфични стандарди за квалитет. Некои од позначајните се:

- ISO 27001 – меѓународен стандард за заштита и безбедност на информациите

- ISO 20000 – меѓународен стандард за управување со IT услуги

- ISO 14001 – меѓународен стандард за управување со заштита на животната средина

- OHSAS 18001 –меѓународен стандард за управување со здравје и безбедност при работа

- ISO 22000 – меѓународен стандард за управување со безбедност на храна

Покрај придобивките за поединечните компании/институции, примената на системите за управување со квалитет, како што е согледено во истражувањето на CEBR, придонесува кон унапредување на економијата во целина.
ISO 14001

– Систем за управување со животната средина

sample Стандардот ISO 14001 е особено актуелен во последно време поради се поголемото значење и неопходност за заштита на животната средина.
Овој стандард претставува исклучително значајна алатка за зголемување на конкурентноста и препознатливоста на компаниите/институциите како општествено одговорни правни субјекти.
Имплементацијата на стандардот ISO 14001 денес се наметнува и како реална потреба на компаниите/институциите, во насока на почитување на законските прописи за соодветно управување со пакување и отпад од пакување.
ISO 14001 како генерички стандард успешно се имплементира и спроведува во јавни и приватни институции, профитни и непрофитни организиации, компании од различни индустриски гранки и дејности. .



ISO 27001

– Систем за управување со безбедност на информации

sample Стандардот ISO 27001 претставува моќна алатка за заштита на информациите, кои всушност ја претставуваат суштината на работењето на компанијата/институцијата.
Денес, во ерата на постојан подем на информациско-комуникациските технолоии, особено се препознава и посебно внимание се посветува на заштита на информациите.
Соодветната заштита на информациите кои претставуваат конкурентска предност и деловна тајна за компаниите/институциите, претставува вистинки предизвик и реална потреба, која успешно се задоволува со имплементацијата на стандардот ISO 27001.
ISO 27001 како генерички стандард успешно се имплементира и спроведува во јавни и приватни институции, профитни и непрофитни организиации, компании од различни индустриски гранки и дејности. .



OHSAS 18001

– Систем за управување со здравје и безбедност при работа

sampleСистемот OHSAS 18001 претставува алатка за обезбедување на здравјето и безбедноста на вработените, во текот на работното време.
Особено е значењето на овој стандард од аспект на одржување на конкурентноста и непреченото работење на компаниите/институциите, бидејќи директно се грижи за најзначајниот ресурс на секој правен субјект – неговите вработени.
Во Р. Македонија моментално постојат повеќе лиценцирани компании за вршење на проценка на ризиците на работните места, што претставува услов за имплементација на системот OHSAS 18001.
Надградбата од проценката на ризик на работно место кон системот OHSAS 18001 е едноставна, а сепак многу значајна и неопходна за успешно работење на секој деловен субјект.
Системот OHSAS 18001 како генерички стандард успешно се имплементира и спроведува во јавни и приватни институции, профитни и непрофитни организиации, компании од различни индустриски гранки и дејности. .


1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

1

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

2

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.

3

Cras pharetra posuere eros. Donec ac eros id diam tempor faucibus. Fusce feugiat consequat nulla. Vestibulum tincidunt vulputate ipsum.