Имплементација на Меѓународни ISO Стандарди

Суштината и важноста на системите за управување е во постигнувањето на повисоко ниво на ефективност и ефикасност на внатрешните работни процеси и систематски пристап кон работењето на компаниите/институциите.

Преку овој пристап, системот за управување со квалитет обезбедува следење на квалитетот во секоја фаза на работниот процес.

Најшироко применуваниот стандард за систем за управување со квалитет е ISO 9001:2015. Станува збор за генерички меѓународен стандард применлив во компании и институции од сите големини и дејности. Стандардот овозможува воспоставување, управување и континуирано подобрување на процесите во организацијата.

Нашиот тим обезбедува поддршка за воспоставување и имплементација на системи за управување на лице место, како и целосна онлајн поддршка во процесот на усогласување со барањата на ISO стандардите и подготовка за сертификација.

Покрај ISO 9001:2015, обезбедуваме поддршка за имплементација на барањата од следниве стандарди и воспоставување на соодветни системи за управување:

Меѓународна организација за стандардизација
ISO 14001 – Систем за управување со заштита на животната средина
ISO 45001 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа
ISO 27001 – Систем за управување со безбедност на информациите
ISO 20000 – Систем за управување со IT услуги
ISO 22000 – Систем за управување со безбедност на храна
ISO 22301 – Систем за управување со континуитет во бизнисот
ISO 31000 – Систем за управување со ризици
ISO 50001 – Систем за управување со енергетска ефикасност
ISO 20121 – Систем за управување со одржливост на настани
ISO 10002 – Систем за управување со задоволство на клиенти – процес на жалби
ISO 28000 – Систем за управување со безбедност за синџирот на снабдување / добавувачи
ISO 13485 – Систем за управување со квалитет со медицинска опрема

Подготвени да започнете?

Контактирајте нè денес за бесплатна консултација и направете го првиот чекор кон сертификација.