Lean Six Sigma Обука
Зошто да ја изберете нашата Lean Six Sigma обука?
- Сертифицирани тренери Обуките ги спроведуваат сертифицирани Lean Six Sigma обучувачи со меѓународно признати квалификации и практично искуство во примена на Lean Six Sigma методологијата во различни индустрии.
- Практично искуство од реални проекти Нашиот тим поседува долгогодишно искуство во реализација на проекти за подобрување на процесите во производствени и услужни организации, обезбедувајќи практични сознанија и докажани најдобри практики.
- Проектна поддршка како дел од обуката Стручната поддршка од нашите обучувачи е составен дел од програмата. Целта е учесниците успешно да ги применат Lean Six Sigma знаењата и да реализираат конкретни проекти за подобрување во својата организација.
- Обука прилагодена на потребите на клиентот Секоја Lean Six Sigma програма за обука се дизајнира согласно специфичните потреби, цели и предизвици на организацијата, обезбедувајќи максимална релевантност и вредност.
- Фокус на практична примена Во програмата се вклучуваат реални примери, случаи од пракса и барања специфични за организацијата со цел постигнување на мерливи и одржливи резултати.
- Меѓународно признат сертификат По успешно завршување на обуката, учесниците добиваат Lean Six Sigma сертификат од реномирана меѓународна организација за обука и сертификација.
- Интерактивен пристап во обуката Применуваме современи методи на учење, практични вежби, студии на случај и алатки кои се засноваат на најдобрите светски практики во областа на континуираното подобрување и оперативната извонредност.
Оваа обука ќе ви помогне да:
- Ги разберете принципите на Lean и Six Sigma методологијата
- Ги анализирате и подобрувате деловните процеси на систематски начин
- Ги идентификувате причините за појава на проблеми, дефекти и неефикасности
- Ги применувате најважните Lean Six Sigma алатки и техники
- Постигнете повисоко ниво на ефикасност, квалитет, продуктивност и задоволство на клиентите
Lean Six Sigma – Црн појас (Black Belt)
Ова претставува напредно професионално ниво на познавање на Lean Six Sigma методологијата.
Сертифицираните Black Belt професионалци поседуваат темелно разбирање на принципите, методологиите и алатките за подобрување на процесите и се способни да водат комплексни проекти и мултидисциплинарни тимови.
Програмата опфаќа детална примена на DMAIC (Define, Measure, Analyze, Improve, Control) и DMADV (Define, Measure, Analyze, Design, Verify) методологиите, како и нивна практична примена во организациски услови.
Lean Six Sigma – Зелен појас (Green Belt)
Ова ниво е наменето за професионалци кои активно учествуваат во проекти за подобрување на процесите.
Обуката овозможува стекнување на практични знаења за Lean и Six Sigma методологијата и развивање на способности за самостојно водење на проекти со средна сложеност.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да:
- Работат на сопствени проекти за подобрување на процесите
- Применуваат Lean Six Sigma алатки и техники во секојдневното работење
- Учествуваат во иницијативи за зголемување на ефикасноста, квалитетот и перформансите
Обуката е особено корисна за менаџери, процесни инженери, координатори на проекти, професионалци за квалитет и лица кои се вклучени во активности за континуирано подобрување.
Lean Six Sigma – Жолт појас (Yellow Belt)
Ова ниво обезбедува основно разбирање на Lean Six Sigma концептите и принципите на континуирано подобрување.
Учесниците се запознаваат со основните алатки и техники на Six Sigma, како и со DMAIC методологијата.
Сертифицираните Yellow Belt учесници обезбедуваат поддршка во проектите за подобрување и активно придонесуваат во тимските активности поврзани со анализа и унапредување на процесите.
Програмата овозможува разбирање на начините на кои организациите ги идентификуваат причините за pojava на проблеми, ги намалуваат загубите и варијациите и воспоставуваат одржливи подобрувања во работењето.
Напомена: Обуките се организираат групно (минимум 6 учесници).
Подготвени да започнете?
Контактирајте нè за повеќе информации во врска со нашите Lean Six Sigma програми за обука, термините за реализација и можностите за сертификација.
Подготвени да започнете?
Контактирајте нè денес за бесплатна консултација и направете го првиот чекор кон сертификација.