Политика за квалитет
Посветени на вашиот успех
Ние го поддржуваме управувањето со квалитетот преку компетентност, ефикасност, стратешки фокус и долгорочна соработка.
Професионалност и квалитет
Висока професионалност, квалитет и компетентност во реализација на проектите за деловни менаџмент консултантски услуги.
Усогласеност
Усогласеност со релевантните законски барања, меѓународни стандарди и пропишани регулативи.
Процесен пристап
Примена на процесниот пристап и континуирано унапредување на работните процеси со цел зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето.
Стратешки вредности
Посветеност од страна на врвното раководство кон остварување на стратешките вредности и цели.
Квалификуван тим
Одржување на тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, со непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знаење.
Професионално унапредување
Континуирано професионално унапредување на вработените преку усвојување на нови знаења и експертиза.
Задоволство на корисниците
Следење на степенот на задоволство на корисниците и проучување на нивните препораки и барања, во насока на унапредување на работењето.
Долгорочна соработка
Воспоставување на долгорочни односи на соработка со деловните соработници и други заинтересирани страни.
Управување со ризици
Проактивен пристап кон идентификување и управување со ризиците и можностите во работењето.
Перформанси и таргети
Контрола на исполнувањето на клучните индикатори за перформанси и утврдените таргети, во насока на континуирано унапредување.
Подготвени да започнете?
Контактирајте нè денес за бесплатна консултација и направете го првиот чекор кон сертификација.