На 27 април 2016 година Европскиот парламент и Советот на ЕУ ја донесоа Општата регулатива за заштита на лични податоци ((ЕУ) 2016/679 – GDPR – General Data Protection Regulation), за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и движењето на таквите податоци, со примена од 25 мај 2018 година.
Со влегување во сила на оваа регулатива, отпочна процесот на имплементација на одредбите со кои детално и унифицирано се регулира функцијата Офицер за заштита на личните податоци (ОЗЛП). Тоа ќе ја зајакне заштитата на податоците за сите поединци во ЕУ, без оглед каде се наоѓаат податоците. GDPR поставува повисоки стандарди за заштита од досегашната легислативна регулација на истото прашање.
Иако Република Македонија не е членка (со статус на кандидат од 2006 година), основен интерес на земјата е да го усогласи националното законодавство со горенаведеното законодавство на ЕУ. Во таа насока, е изработен и нов предлог Закон за заштита на личните податоци.
Најважните новини кои произлегуваат од GDPR (релевантни и за Република Македонија) се:
- ревидиран пренос на лични податоци во земји надвор од ЕУ
- нови права на субјектите на личните податоци и нови методологии за обезбедување усогласеност со GDPR
- зголемување на улогата и одговорноста на надзорните тела и слични мерки
ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг во соработка со акредитираната сертификациона куќа Lloyd's Register EMEA Branch, на 28.02.2018 во хотел Мериот во Скопје, го одржа првиот семинар за заштита на личните податоци – General Data Protection Regulation (GDPR).
За повеќе информации во врска со настанот кликнете на следниов линк: Семинар за GDPR.
Директорот на ЕВРОСИМОВСКИ Консалтинг учествуваше на прес-конференција за GDPR, организирана од страна на Сојуз на стопански комори.
За повеќе информации за настанот кликнете на следниов линк: