Делегацијата на германското стопанство во Македонија во соработка со Евросимовски Консалтинг, член на Македонското-Германско стопанско здружение, одржа семинар на 16.11.2018, на тема: „Управување со ризици во организациите/компаниите".
Управувањето со ризиците е централен дел на стратешкото управување. Тоа е алатка која помага да се предвидат неповолните настани и да се реагира на нив, односно да се насочат постапките на внатрешната контрола и ресурсите кон клучните функции и со нив поврзаните ризици.
ISO 31000:2018 претставува систем за управување со ризици, принципи и насоки. Основната причина поради која е создаден овој стандард е да обезбеди принципи, насоки и рамки преку кои ќе се управува со ризиците. Воведувањето на принципите и насоките на ISO 31000 овозможува подобрување на оперативната ефикасност, целокупното управување со организацијата и зголемување на довербата на засегнатите страни, притоа минимизирање на можните штети при работењето.
На семинарот беа разгледувани следните аспекти:
- Управување со ризици во организациите
- Предуслови кои треба да бидат исполнети за функционалност на системот за управување со ризици
- Придобивки од ефективното управување со ризиците
- Процес на управување со ризиците
- Систем за управување со ризици ISO 31000:2018
- Поставување на стратешки и оперативни цели
- Утврдување на ризиците
- Проценка на ризиците
- Воспоставување контролни мерки (постапување по ризиците)
- Следење и известување за ризиците
- Клучни показатели на успешноста (KPI)
- Следење и проверка на процесот на управување со ризици