Дводневен семинар на тема „Важноста и придобивките од имплементација на стандардите за управување со квалитет"

Евросимовски Консалтинг одржа обука за важноста и придобивките од имплементација на стандардите за управување со квалитет, во рамките на проектот „Надминување на јазовите помеѓу мултинационалните компании и домашните МСП во Македонија" спроведуван од страна на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за економски истражувања и политики Finance Think.

Семинар за стандарди за управување со квалитет – Евросимовски Консалтинг, Скопје

На дводневниот семинар (03–04.12.2018), одржан во Holiday Inn Skopje, беа разгледани следните стандарди:

  • ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет
  • ISO 14001:2015 – Систем за управување со животна средина
  • ISO 45001:2018 – Систем за управување со здравје и безбедност при работа
  • ISO 31000:2018 – Систем за управување со ризици
  • IATF 16949 – International Automotive Task Force
  • ISO 17020 – Стандард за инспекциски тела
  • Lean Six Sigma – Методологија за подобрување на процеси

Општа цел на дводневниот семинар беше да се зајакне свеста за потребата од воведување и примена на технолошки и професионални стандарди кај домашните МСП, во насока на зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето и севкупната конкурентност на МСП.

Назад кон сите вести

Подготвени да започнете?

Контактирајте нè денес за бесплатна консултација и направете го првиот чекор кон сертификација.